Top Sport

Феликс во Јувентус? Роналдо работел на случајот

Кристијано Роналдо треба да биде клучниот фактор во евентуалниот трансфер на талентираниот напаѓач Жоао Феликс од Бенфика во Јувентус.

Како што пренесе „А Бола“, Роналдо смета дека Феликс ќе биде неговиот наследник во репрезентацијата на Португалија и во клубот чии дрес сега го носи. Од друга страна Феликс нема ништо против да му биде соиграч на Роналдо.

Жоао Феликс блесна оваа сезона, а вистинскиот потенцијал го покажа неодамна против Ајнтрахт, во Лига Европа, кога постигна три гола во победата на Бенфика 4:2.

Scroll to Top