Двајца играчи на Реал Мадрид, еден од актуелниот тим и еден поранешен, во наредните 48 часа треба да потпишат договори со градскиот ривал на „кралскиот клуб“, Атлетико Мадрид.
Атлетико Мадрид прават голема реконструкција во тимот пред почетокот на новата сезона. Диего Симеоне остана без Антоан Гризман и столбовите во одбраната Диего Годин, Хуан Фран Торес и Фелипе Луис, што значи дека започнува нова ера на клубот од „Ванда Метрополитрано“.
Покрај споменатите четворица многу е веројатно дека од клубот ќе замине и Родри, за кого Манчестер сити биле подготвени да ја активираат откупната клаузула од 70 милиони евра.
Еден играч веќе потпиша договор со Атлетико, тоа е Фелипе Монтеиро од Порто, а во наредните 48 часа се очекуваат да пристигнат Марио Хермосо и Маркос Љоренте.
Хермозо е „дете“ на Реал Мадрид, зад себе има одлична сезона во Еспањол, која му донесе место и во шпанската репрезентација. Реал го кочи овој трансфер бидејќи има опција да го врати во своите редови. Како сега стојат работите Флорентино Перез дал „зелено светло“ играчот да оди во Атлетико.
Исто така се очекува Атлетико за сума од 40 милиони евра да го донесе Љоренте на чии услуги Зидан нема да смета сезонава.
Исто така се очекува како слободен играч во Атлетико да пристигне капитенот на Порто Ектор Ерера, а наводно Симеоне преговарал со Португалците и за левиот бек Алекс Телеш.