Top Sport

Манолас се договорил со Наполи

Грчкиот репрезентативец Костас Манолас се подготвува да ја напушти Рома. Гркот се поврзува со Јувентус, Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, но како стојат работите тој сите ќе ги изненади со изборот на новиот клуб.

Манолас столбот на одбраната на Рома, наводно веќе ги договорил условите со Наполи. Наполитанците први решиле да ја активираат неговата откупна клаузула од 36 милиони евра, а на играчот му понудиле годишна плата од 3,5 милиони евра.

Карло Анчелоти бил сигурен дека Манолас ќе биде идеален партнер за Калиду Кулибали, односно одлична замена за ветеранот Раул Албиол кој се враќа во Шпанија во редовите на Вилјареал.

Според „Скај Спорт“ трансферот ќе биде официјализиран во наредните денови.

Scroll to Top