Двајца британски државјани се уапсени пред куќата на Месут Озил оваа недела во уште една безбедносна закана за ѕвездата на Арсенал.
„Топчиите“ во петокот објавија дека Озил и неговиот соиграч босанскохерцеговскиот репрезентативец Сеад Колашинац нема да бидат во составот на Унаи Емери поради „безедносни инциденти“ кои ги истражува полицијата во Лондон.
Ова доаѓа две недели откако Озил и Колашинац беа жртви на обид на грабеж пред куќата на Колашинац, ситуација која заврши со бркотница на улиците на Лондон во автомобилот на Озил, кој беше следен од бандата на мопеди.
Сега, метрополитен полицијата од Лондон во соопштение објави дека се во контакт со Арсенал по инцидентите кои се случиле на различно место во средата и четвртокот, од кој во вториот инцидент се уапсени две лица пред куќата на Озил.
„27-годишниот Ферхат Ерчан од Хајгехт и 27-годишниот Саламан Екинчи од Тотенхем се обвинети на 9 август по инцидентот кој се случи пред куќата на Месут Озил во мешаница со приватното обезбедување. Двајцата треба да се појават пред суд на 6 септември“, се вели во соопштението.
Колашинац и Озил нема да играат против Њукасл, во проблеми се со мафијата
Лудо херојство на Колашинац, го спаси Озил од грабеж (видео)