Top Sport

Двајца Украинци ќе го пропуштат ЕУРО 2020

Селекторот на Украина, Андриј Шевченико, за Европското првенство нема да може да смета на двајца важни фудбалери. Медиумите во Украина се сигурни дека ЕОРО 2020, поради повреди ќе го пропуштат Виктор Коваленко и Евген Конопјанка.

Играчот на Аталанта, Коваленко, има проблем со тетивата. Ваквата повреда бара мирување и подолга пауза.

Конопјанка, сезоната има големи проблеми со повредата на мускулот. Поради тој за Шахтјор одигра само 14 натпревари.

Украина е противник на Македонија во Ц-групата. Дуелот на овие две репрезентации ќе биде во Букурешт, на 17.јуни.

Scroll to Top