Top Sport

Двајт Јорк: Методите на Мурињо се ср.ње!

Стилот на фудбалот на Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед се „апсолутно срање“ вели поранешната легенда на клубот, Двајт Јорк.

Мурињо и неговото „потпирање“ на дефанзивниот фудбал имаат многу критичари, посебно оваа сезона, а неодамна Јорк изјави дека под Пеп Гвардиола, Јунајтед би бил шампион и во овој состав. Јорк верува дека се работи заз погрешен пристап, и дека е грешка да се отстапува од патот кој го постави Сер Алекс Фергусон.

„Ако си напред и играш напаѓачки фудбал и сакаш да постигнуваш голови, луѓето ќе плаќаат да те гледаат. Се сеќавам кога игравме на гости кај Ливерпул и имавме само еден удар на голот. Тоа не е Манчестер јунајтед. Сакате играчите да излезат и да го искажат тоа што го умеат. Се надевате дека еден од големите таленти ќе предизвика магичен момент за победа. Јунајтед го чекаат тој момент за 1:0 победа. Тоа не е начинот на кој игра Јунајтед. Тоа е апсолутно срање, според мене“, вели Јорк.

И уште еднаш, ексиграч на Јунајтед вели дека го почитува стилот на ривалите од Манчестер сити и нивниот стратег, Пеп Гвардиола.

„Јунајтед дефинитивно ќе го освоеја трофејот под Гвардиола, бидејќи Сити секогаш се напред, играат напаѓачки фудбал. Видете ја другата половина на Манчестер, таа сината. Не кажувајте дека тие фудбалери се супериорни во однос на нашите. Го имаме Антони Марсијал, Маркус Рашфорд, Џеси Лингард, Алексис Санчез и Ромелу Лукаку. Напад од соништата. Но, Сити имаат менаџер кој сака напаѓачки фудбал. Ние имаме тренер кој сака дефанзива и 1:0 победи. Тоа е разликата“, вели Јорк.

Фото: ЕПА

Scroll to Top