Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Двајт Јорк е нов тренер на клубот од австралиската А-лига, Макартур ФЦ за прва тренерска работа во кариерата.
Поранешниот репрезентативец на Тринидад и Тобаго, кој помин четири сезони во Јунајте во кои постигна 66 гола во 152 напревари, потпишува двегодишен договор и го заменува Анте Миличиќ, кој се повлече поради семејни причини. Јорк добро го познава австралискиот фудбал, откако играше за Сиднеј ФЦ во 2005/06.
„Едвај чекам да почна со работа, а бидејќи бев фудбалер во првата сезона во А-лигата, постојано го следев натпреварувањето и знам каква е страста на австралиските фудбалски фанови“, изјави Јорк.
We are excited to confirm our new head coach is Dwight Yorke! ?#WeAreTheBulls pic.twitter.com/TvgO89bhge
— Macarthur FC (@mfcbulls) May 15, 2022