Top Sport

Синот на Ивандер Холифилд доби засрамувачки нокаут во првата рунда

Еван Холифилд, синот на поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ивандер Холифилд, го доживеа својот прв пораз во боксерскиот ринг, откако беше брутално нокаутиран во првата рунда од Џармејн Мекдоналд во меч во Инглвуд, Калифорнија.

Двајцата боксери го почнаа мечот отворено, со директна борба, пред Мекдоналд да го прати противникот со силен удар, по што судијата Раул Каиз го прекина мечот.

Со овој пораз, Еван Холифилд има 9-1 скор со шест нокаути. 24-годишниот боксер е еден од 11-те деца на Холифилд, а неговиот помлад брат, Илајџа Холифилд е ранинг-бек за НФЛ тимот на Синсинати бенгалс.

Scroll to Top