Членот на легендарниот тим на Манчестер јунајтед од 1999 година, Двајт Јорк му порача на сегашниот менаџер Ерик Тен Хаг дека „нема каде да се крие“, посочувајќи дека неговиот поранешен соиграч, Оле Гунар Солскјер имаше подобар скор во Премиерлигата од него.
Манчестер јунајтед оваа сезона девет пати загубија во Премиерлигата на четири меча пред крајот на сезоната, додека тимот под Солскјер загуби осум пати во 2019/20 и шест следната сезона.
„Тоа што Ерик Тен Хаг загуби девет меча во Премиерлигата е проблем. Ако сте менаџер на Манчестер јунајтед, секогаш ќе сте под лупа за сите детали или грешки. Нема каде да се крие. Оле Гунар Солскјер имаше подобар скор од Тен Хаг во двете цели сезони, а сега луѓето зборуваат за прогресот кој е направен и подобриот стил на игра. Да, се освои Карабао купот и сме во финалето на ФАА купот, но поразите во Премиерлигата не смеат да се забораваат. Резултатите не се доволно добри оваа сезона и сега ќе мораат да внимаваат да не го загубат местото во топ 4. Тоа не е позиција во која овој клуб треба да биде. Тен Хаг треба да доби пофалби коа тимот игра добро, но и критики кога не оди добро“, вели Јорк.