Top Sport

Двајца играчи на Ливерпул ќе заминат во Саудиска Арабија

Фудбалскиот клуб Ливерпул добил понуди од Саудиска Арабија за Џордан Хендерсон и Фабињо, пренесуваат англиските медиуми.

Двајцата играчи не отпатуваа со тимот на подготовките во Германија, што е показател дека Ливерпул сериозно размислува за нвна продажба.

Локалните медиуми пренесуваат дека Ливерпул во петокот навечер добил понуда од 40 милиони фунти за Бразилецот Фабињо и дека понудата во клубот сериозно се разгледува. .

Ал-Итихад веќе направи бум ова лето кога ги донесе Карим Бензема, Нголо Канте и Жота од Селтик. Како што стојат работите, следно засилување ќе биде Фабињо.

За капитенот Џордан Хендерсон се интересира Ал-Етифак, чии дрес го носи македонскиот репрезентативец Дарко Велковски. Неодамна тренер на овој тим стана Стивен Џерард и тој побарал од клубот да му го донесат Хендерсон.

Scroll to Top