Младиот фудбалер на Ајакс Давид Нерез во интервју за холандскиот „Телеграф“ говорел за промената во неговиот живот откако станал професионален фудбалер. Минатата сезона тој го привлече вниманието со одличните настапи во Лигата на шампионте.
Бразилецот роден 1997 година во Сао Паоло се присетил на тешките моменти што ги проживеал во како млад фудбалер пред да се пресели во Европа.
„Две девојки ми се потсмеваа кога бев тинејџер. Пет години подоцна двете ги однесов во хотел со пет ѕвезди. Им кажав дека морам да одам до тоалетот, но јас заминав од собата и хотелот. Не платив ги оставив тие да го направат тоа“, раскажал Нерез.
Во интервјуто открил и како за малку ќе ја пропуштел можноста да дебитира за националниот тим на Бразил.
„Не кренав слушалка, не кревам кога ќе видам непознат број. Имав среќа што роднините и пријателите веќе знаеја дека ќе добијам повик од селекторот Тите“.
Нерез има договор со Ајакс до јуни 2023 година. Неговата вредност според „Трансфермарк“ изнесува 45 милиони евра.