Top Sport

„ВАР ги уништува културата и менталитетот на фудбалот“

ВАР донесе повеќе проблеми отколку решенија во англискиот фудбал. Вистинска илустрација за констатацијата дека англичаните имаат проблем со видео-технологијата се најголем дел од мечевите што се одиграа изминатиот викенд.

Брајтон беше еден од тимовите на кои ВАР им поништи гол поради милиметарски офсајд. Можат да бидат среќни то на крајот сепак победија против Борнмут.

„Ако се вратиме две години наназад, кога разговаравме за судиите, тогаш сите мислевме дека итно треба да ја воведеме технологијата бидејчи ова е 21 век“, рекол менаџерот на Брајтон Греем Потер.

„Мислам дека сега поради ВАР трпат фудбалската култура и менталитет. Сакам да го поддржам ВАР, но мислам дека на целиот проблем гледаме од погрешен агол. Го воведовме бидејќи сакавме се да биде правично и исправно, но фудбалот е игра составена од грешки, која ја играат живи луѓе“, заклучил Потер.

Scroll to Top