Фудбалерите на ПСЖ, вчера, во пријателски натпревар го победија Беверен со 7:0. Ова е втора убедлива победа на „светците“ откако во неделата во првиот меч во паузата од четири месеци славеа со 9:0 над Ле Авр.
Два гола за ПСЖ постигна Ерик Максим Чупо-Мотинг. Камерунецот неодамна потпиша краткорочен договор со клубот и за да може да биде во тимот за финалните натпревари во Купот и Лига купот на Франција и за завршницата во Лигата на шампионите.
Чупо-Мотинг е резервна опција во нападот откако Единсон Кавани го напушти клубот како слободен играч. Уругваецот не сакаше да потпише краткорочен договор што покрај Мотинг го направи и Тијаго Силва.
Вчера против Беверен Камерунецот во две минути постигна два убави гола.
Клубот ја објави снимката од неговите голови со наслов: „Две минути лудило на Чупо“.
2 minutes of madness for Choupo!!#PSGWBE pic.twitter.com/IOaWt00PVm
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) July 17, 2020