Top Sport

Двоен триумф за Борусија Дортмунд: Го победи Аугсбург и го доби назад Себастијан Але

Борусија Дортмунд го победи Аугсбург со 4:3, а овации доби Себастијан Але кој се врати на теренот откако го победи ракот на тестисите.

Џуд Белингем ја отвори серијата голови, а израмни Мајер. Шлотербек донесе нова предност за „милионерите“, но Аугсбург на одмор замина со 2-2 со голот на Ермедин Демировиќ.

Борусија Дортмунд повторно поведе преку Џејми Бино-Гитенс, но израмни Давид Колина само две минути подоцна.

Победничкиот гол за „милионерите“ го постигна Џовани Рејна во 78.минута.

Scroll to Top