Пелистер – Силекс и Струга Трим Лум – Македонија Ѓорче Петров се двојките во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија. Вака одреди денешниот ждреб кој се одржа во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.
Во полуфиналето ќе се игра еден натпревар, а мечевите се закажани за 20. април во 16 часот.
Финалето е закажано за 20. мај на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.