Top Sport

Двојна навреда од Фиренца: Путин навива за Јувентус

Вчерашното луто дерби во Копа Италија помеѓу Фиорентина и Јувентус беше одбележано со враќањето на Душан Влаховиќ, кого навивачите го пратија во „пеколот на Данте“, и со постојаните свирежи, но една навивачка на Виола предизвика бура реакции на социјалните мрежи со едноставен картонски знак.

Во обид во исто време да ги навреди Јувентус, но и рускиот претседател Владимир Путин, таа стоеше со знак „Putin gobbo“. „Gobbo“ е погрден термин за навивачите на Јувентус кој се користи во Фиренца, знак на лутото ривалство.

Фиорентина со Данте го пратија Влаховиќ во пеколот, па си дадоа смешен автогол во 92. минута

Scroll to Top