Top Sport

Ѕампарини го продал Палермо за „фантастични“ 10 евра!

Маурицио Ѕампарини го продаде италијанскиот второлигаш Палермо, клубот на македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски за само 10 евра, објави клубот со емотивно писмо на поранешниот сопственик.

Ѕампарини неодамна влезе во остар напад на Палермо и луѓето од Сицилија за „сопките“ кои ги имал додека беше на чело на клубот, но сега, откако договорот е потпишан, имаше поинакви зборови за Палермо. Ѕампарини беше сопственик на клубот од 2002 година кога го откупи од тогашниот претседател на Рома, Франко Сенси.

„Размислувајќи за иднината на клубот и за фановите на Палермо, заминувам од позицијата сопственик со грутка во грлото. Целта беше да се најде некој кој ќе ја продолжи мојата работа со поголеми финансии, со поважни цели кои можат да се исполнат само со инвестиции. Покрај Палермо, продаден за симболични 10 евра, го продадовме и Мепал, сопственикот на брендот со ветување ека ќе се исплати кредитот до 22.8 милиони евра, кои ќе влезат во клубот. Новите соптвеници во Лондон ќе обезбедат подобрување на стадионот и на тренинг просториите, во соработка со градоначалникот. Ме растажува тоа што во медиумите сум претставен како некој кој не сум. Кога доаѓам во Палермо ја чувствувам љубовта и благодарноста на луѓето. Сакав да му дадам друг ими на Палермо, на град со дарежливи луѓе, кои се фер и кои имаат културна традиција. Иако доаѓам од северот, ги прифатив сите тукашни традиции и со радост ќе се враќам тука“, напиша Ѕампарини.

Фото: ЕПА

Ѕампарини го исплука Палермо и Сицилија на заминување од клубот

Scroll to Top