Top Sport

Ѕаниоло: Ми беше срам да му пријдам на Ибрахимовиќ

Ѕвездата на Рома, Николо Ѕаниоло признава дека му ласка интересот од Милан и Јувентус по шпекулациите дека ќе си замине од „Олимпико“ ова лето, и додава дека му било срам да поразговара со неговиот идол Златан Ибрахимовиќ на теренот.

Договорот на Ѕаниоло со Рома завршува во јуни 2024 година, но засега тој ги одби понудите да го продолжи договорот зголемувајќи ги шпекулаците дека сака да замине, со цена од 60-тина милиони евра. Во интервју за „Ла газета дело спорт“, тој признава дека е добро да се чуе дека постои интерес за него.

„Секој би сакал за него да бидат заинтересирани големите клубови, бидејќи ако размислуваат за вас, значи дека сте добри. Тренирам со уште поголема мотивација и сакам да докажам дека вредам“, вели Ѕаниоло.

Еден од клубовите кои имаат интерес секако се Милан, клубот каде што игра неговиот иол, Златан Ибрахимовиќ.

„Ми се оствари сонот да играм на ист терен како Ибрахимовиќ. Не зборував со него, но цело време го студирав – како се вижи, како приоѓа на фудбалот, со каква харизма го води клубот. Зошто не зборуваав со него? Ми беше срам да дојдам премногу блиску. Се восхитував од далеку. На крајот, бев среќен што Милан го освои скудетото поради него“, објаснува Ѕаниоло.

Scroll to Top