Top Sport

Нкетија продолжи со Арсенал и го доби бројот на Анри!

Еди Нкетија, иако шпекулациите велеа дека си заминува од Арсенал ова лето, потпиша нов долгогодишен договор со „топчиите“ и го доби дресот со број 14, кој славно го носеше Тјери Анри за клубот од северен Лондон.

22-годишниот Нкетија е произлезен од „Хејл енд“ академијата на Арсенал, приклучувајќи се на клубот на 14 години, пред да дебитира за првиот тим во 2017 година. Тој беше дел од тимот кој ја освои ФА куп титулта во 2020, пред минатата сезона да се стабилизира како постојан првотимец.

Дека Микел Артета верува во него, најдобро зборува фактот што му го додели дресот со број 14, кој претходно го носеше легендарниот Тјери Анри, како и Пјер-Емерик Обамејанг пред трансферот во Барселона.

Scroll to Top