Top Sport

Ѕаниоло се предомислил за понудата од Борнмут, но веќе било доцна

Фудбалерот на Рома, Николо Ѕаниоло откако првично одбил трансфер во премиерлигашот Борнмут, подоцна се предомислил и контактирал со англискиот клуб барајќи договор, но тие го одбиле, јавуваат италијанските медиуми.

„Сагата“ околу Ѕаниоло и неговото заминување доминираше во италијанските медиуми последните недели, но откако одби 30 милиони евра вреден трансфер во Борнмут, дури и тренерот Жозе Мурињо изјави дека „за жал, тој останува“.

Според Џанлука ди Марцио, Ѕаниоло откако прво одбил да зборува со спортскиот директор на Борнмут кој пристигнал во Рим за преговори со неговиот агент, утрово решил да се јави во клубот и веќе закажал лет за Англија. Меѓутоа, од Борнмут по порачале дека веќе потрошиле доволно пари и дека нема ништо од трансфер.

Scroll to Top