Top Sport

Ѕјуба по скандалот со мастурбирањето утна пенал, постигна гол и се извини!

Артем Ѕјуба го комплетираше проблематичниот викенд во кој се најде во скандал со видео на кое мастурбира, со промашување пенал, но и со гол за Зенит при 3:1 победата над Краснодар.

Капитенот на Зенит и на руската репрезентација беше дел од голем скандал во Русија, откако се појави видео на кое тој се самозадоволува, по што рускиот селектор Станислав Черчесов го исфрли од репрезентацијата за следните три меча. Зенит пак, решија капитенската лента да оди кај Дејан Ловрен, кој пристигна во клубот ова лето, а Ѕјуба беше пречекан со свирежи од дел од публиката.

Работите да станат полоши, тој утна пенал во првото полувреме, а гостите поведоа со голот на Маркус Берг во 15. минута. Но, откако Далер Кузјаев израмни за Зенит во 64. минута, Ѕјуба се запиша во листата на стрелците 10 минути подоцна, по што им праќаше бакнежи на навивачите. Алексеј Сутормин ги постави конечните 3:1 во емотивен меч за него, кој го играше само еден ден по смртта на неговиот татко.

По мечот, тој ја предаде својата награда за фудбалер на мечот на Сутормин, а потоа објави видео на својот Инстаграм профил во која се заблагодари на фановите и призна дека е „човек кој прави грешки“.

Рускиот капитен Ѕјуба во бизарно видео со мастурбирање

Scroll to Top