Top Sport

Дзјуба: Сакав Вида да го заковам за подот

Напаѓачот на руската репрезентација, Артјом Дзјуба, открил дека бил многу лут од однесувањето на хрватските фудбалери, по четврт-финалниот натпревар помеѓу Русија и Хрватска на Светското првенство.

Напаѓачот на Зенит, лошо ја прифатил провокацијата на Домагој Вида и членот на стручниот штаб на Хрватска, Огњен Вукојевиќ.

Овие двајца, инаку поранешни играчи на Динамо Киев, на социјалните мрежи поставија видео снимка на која извикуваат „Слава на Украина“.

„Чувствата ми беа измешани. Хрватите ме импресионираа со својата игра, но поради Вида и Вукојевиќ целосно не изнервираа. Мојата прва реакција беше дека сакам да излезам од автобусот и да го заковам Вида за подот“, рекол Дзјуба.

„Потоа целата ситуација се смири. Хрватите упатија извинување и повеќе не му бев лут. Веројатно не знаеше што прави“, дополнил високиот напаѓач.

Scroll to Top