Top Sport

Ноќна драма, Барса го „расипа“ трансферот на Малком во Рома

Во изненадувачки пресврт, Барселона може да го „грабне“ Малком, иако се веруваше дека Рома ги има договорено условите за трансфер, бидејќи тимот на Бордо не му дозволи на Бразилецот да отпатува за Рим во понеделникот навечер.

Сите извештаи во Италија тврдеа дека Малком се согласил за трансфер од 36 милиони евра во „волчицата“ и дека треба да пристигне во Рим пред денешните медицински тестови, но според „Скај спортс Италија“ во последен момент пристигнала повисока понуда од Барселона и клубот решил да не му дозволи да отпатува во Рим.

Според дел од италијанските медиуми, навивачите на Рома веќе организирале пречек на аеродромот за Малком, пред договорот да се изјалови. Доколку и овој трансфер „пропадне“, од Рома ќе мораат да го смират бесот на навивачите, кои не се согласуваа со продажбата на голманот Алисон во Рома.

21-годишниот член на бразилската репрезентација до 23 години, привлече повеќе големи клубови со одличен прв дел од сезоната 2017/18. Напаѓачот имаше 12 голови и 7 асистенции во 35 настапи за Бордо.

Scroll to Top