Top Sport

Ѕола: На Азар и Вилијан им беше досадно да играат под Сари

Џанфранко Ѕола, кој му беше помошник на Маурицио Сари во Челси, признава дека тактиката на италијанскиот тренер била причина Еден Азар и Вилијан да „страдаат“ во лондонскиот клуб.

Сари го замени својот италијански сонародник Антонио Конте на „Стемфорд бриџ“ во 2018 година, пристигнувајќи во Англија со одлична репутација од Наполи, и почетокот беше одличен, со победничка низа. Меѓутоа, до декември резултатите не беа според очекуваното, а дојде и 6:0 поразот од Манчестер сити, најлошиот пораз на Челси под водство на Италијанецот.

„Сините“ сепак, успеајаа да стигнат до место во топ 3 и до титула од Лига Европа, пред Сари да се врати во Италија како тренер на Јувентус. Азар замина за Реал Мадрид.

„Азар и Вилијан се талентирани фудбалери, кои знаат сами да победуваат, но и тие страдаа од типот на тренинзи кои ги правеше Сари. Им стана досадно, но продолжија да играат и затоа паднавме во форма. На почетокот, фудбалерите беа зад оваа стратегија, следеа што тој велеше, но на крајот стана досадно“, признава Ѕола.

Scroll to Top