Top Sport

Дајмлер ќе го заддржи Мерцедес како фабрички тим во Ф1

Гигантот Дајмлер има „јасна намера“ да продолжи да се натпреварува во Формула 1 со фабричкиот тим на Мерцедес, одговарајќи на шпекулациите дека иднината по оваа сезона е несигурна.

Германските медиуми тврдеа дека Дајмлер ќе стане само малцински акционер во својот Формула 1 тим, а мнозинството на акции да се продаде на канадскиот милијардер Лоренс Строл во партнерство со сегашниот шеф на Мерцедес, Тото Волф. Строл во моментов е сопственик на Рејсинг поинт тимот, кој од 2021 година ќе биде преименуван во Астон Мартин.

Овие шпекулации беа директно демантирани од портпаролот на Дајмлер.

„Шпекулациите за потенцијалното повлекување од Формула 1 продолжуваат да се без основа. Спортот преземе вистински мерки за да се олеснат последиците од пандемијата на корона вирусот и осигура идна финансиска оддржливост. Нашата јасна намера е да се натпреваруваме во Ф1 како Мерцедес-Бенц во следните години, заедно со партнерот Тото Волф“, изјави портпаролот.

Овие шпекулации доаѓаат во несигурна финансиска клима за Ф1 тимовите. Мекларен групацијата отпушти 1.200 работници, Рено потврди дека ќе остане во Ф1 и покрај тоа што ќе отпушти 15.000 работници, а Вилијамс ја почна процедурата за продажба на тимот.

Формула 1 сезоната 2020 би требало да стартува на Австриското ГП на 5 јули.

Scroll to Top