Top Sport

Ѕвездата на Челси го пропушта Купот на афрички нации поради кавга

Наближува почетокот Купот на афрички нации, кој на програмата е на почетокот на 2022 година.

Селекторот на Мароко, Вахид Халилхоџиќ реши во националниот тим да не го повикува фудбалерот на лондонски Челси – Хаким Зијеш.

Турнирот кој годинава ќе се игра во Камерун започнува на 9. Јануари, а Зијеш нема да е дел од селекцијата затоа што пред неколку месеци дошло до кавга на релација играч – селектор. Ниту во меѓувреме нивните односи не се подобриле.

„Првпат во мојата долга тренерска кариера видов однесување кое ме разочара. Играч одби да игра меч, иако пријателски, со образложение дека е повреден“ рече Халилхоџиќ во септември кога првпат го изостави Зијеш од списокот.

Од тогаш веќе фудбалерот на европскиот шампион не е во неговите планови.

За Мароко ќе настапуваат сите најпознати играчи, а меѓу патниците на Купот ќе биде и младиот играч на Барселона – Абдесамед Езалзули кој добива се повеќе доверба од тренерот Чави.

Scroll to Top