Top Sport

Ѕвездата на Јунајтед се правда: Не навивав за Ливерпул, туку за Челси!

Велшкото крило на Манчестер јунајтед, Даниел Џејмс ги отфрли тврдењата на коментаторот на „Скај Спортс“, Џим Вајт дека бил огромен навивач на Ливерпул пред да потпише за „ѓаволите“ пред две години, но призна дека кога бил помал омилен клуб му бил Челси.

Џејмс дојде на „Олд Трафорд“ за 17 милиони фунти од Свонси и уште не го заборавил коментарот кога се случил трансферот.

„Кога дојдов во Јунајтед, некој коментатор на ‘Скај Спортс’ изјави дека сум навивач на Ливерпул. Јас не сум навивал за Ливерпул никогаш, но не сакав тогаш да признаам дека навивав за Челси кога бев помлад. Кога почнав со Свонси, Челси беше тим кој го следев, иако на крајот не навивав за него. Имаа добри играчи – Еден Азар, Хуан Мата, Дидие Дрогба. Но, пораснав“, вели Џејмс.

Иронично, Џејмс дебитираше за „ѓаволите“ токму против Челси, одбележувајќи го првиот меч со гол при 4:0 победата на 11 август 2019 година.

Scroll to Top