Top Sport

Бејл разјаснува: Имам договор, морам да се вратам во Реал

Герет Бејл го разјасни интервјуто кое предизвика многу контроверзи во Англија, кога рече дека пристигнал во Тотенхем само за да игра пред Европското првенство и дека очекува да се врати во Реал Мадрид во текот на летото.

Сега, 31-годишниот Велшанец вели дека ќе седне со Реал Мадрид да разговара за иднината, но посочува дека „легално“ е обврзан да се врати по позајмицата кај Тотенхем. Тој посочува дека не сакал да покаже почитување со коментарот, но дека има договор (од 600.000 фунти неделно) со шпанскиот клуб.

„Пред следната сезона, мојот договор вели дека легално морам да се вратам во Реал Мадрид и јас го кажав само тоа. Не покажав непочитување кон никого, тоа е буквално нешто што ќе морам да го направам. Реал Мадрид се мојот матичен клуб и имам договор за позајмица со Тотенхем до крајот на сезоната и потоа морам да се вратам. Тоа е планот. Сакав да заминам за да играм и да уживам во фудбалот. Кога ќе дојде летото ќе одам кај Реал и ќе видиме што ќе направиме“, вели Бејл.

Scroll to Top