Top Sport

Ѕвездата на Мадагаскар има играч роден во 1998 или во 1994, а можеби и во 1996

Мадагаскар е вистински хит на Купот на Африка што се одржува во Египет. Официјално 108 репрезентација на ФИФА-листата, на своето деби на континенталниот шампионат успеа да се пласира во четврт-финалето.

Мадагаскар завршија први во својата група, во која ја победија Нигерија со 2:0, Бенинс со 1:0, а одиграа нерешено со Гвинеја. Во осмина-финалето оваа селекција исфрли уште еден фаворизиран противник, Тунис. Откако не успеаја да победат во регуларниот дел, Тунис до 2:2 стигнаа во 90 минута, победија по изведувањето на пенали.

Еден од најдобрите, ако не и најдобриот играч на Мадагаскар е играчот со чудесно име Ромарио Баџо Ракотоарисоа, фудбалер на локалниот Фоса Јуниорс. Неговиот тренер во репрезентацијата на ова момче му предвидува голема кариера.

„Убеден сум дека набргу ќе се пресели во некој од европските клубови. Кога станува збор за неговите имиња, очигледно е дека неговиот татко е голем вљубеник во фудбалот. Во периодот кога се редил во зенитот на славата беа Роберто Баџо и Ромарио“; рекол селекторот на Мадагаскар Никола Дупи.

Единствен проблем на Ракотоарисоа е датумот на раѓање. Наведени се различни години 1998 и 1994, но изгледа најточно е дека е роден во 1996 година.

Scroll to Top