Аугсбург, синоќа, приреди вистинска сензација во Бундес лигата. Во 12.коло, Аугсбург го победи фаворизираниот Баерн Минехн со 2:1. Ова е втор пораз за Баерн во првите 12 рунди во Бундес лигата.
Баерн и покрај поразот од Аугзбург ќе остане лидер на табелата и по ова коло, меѓутоа Борусија Дортмунд со евентулана победа ќе му се доближи на бод негатива.
Разочарувањето по поразот од локалниот ривал е големо во таборот на Баварците.
„Вакви тимови мораме да победуваме. Подобри сме од нив. Не бевме на потребното ниво во првото полувреме, не бевме активни, не бевме храбри да тргнеме напред. Ми загрижува што не создававме шанси. Вообичаено против вакви противници постигнуваме по пет голови“, рекол по мечот капитенот на Баерн, Мануел Ноер.
„Ова е сериозен удар за нас“, изјавил рекодерот Томас Милер.
Тој е првиот со 600 натпревари за Баерн, а да не е голман.