Фудбалерите на Барселона, едни од најплатените во светот на фудбалот, се согласни да добијат намалување на платата поради прекинот на сезоната поради корона вирусот, тврди шпанскиот весник „Мундо депортиво“.
Платите на тимот се „одговорни“ за 53 отсто од целосниот годишен буџет на тимот оваа година, и претседателот Жосеп Марија Бартомеу веќе разговорал со фудбалерите, кои биле отворени за идејата за намалување на платата. Според „Мундо“, Бартомеу зборувал со Лео Меси, Серхио Бускетс, Серхи Роберто и Жерард Пике.
Денеска, клубовите од Ла лига ќе имаат видео-конференција на која ќе се одредат мерки за помош на клубовите по драстичниот раст на случаи на корона вирус во Шпанија.