Top Sport

Ѕвездите на Челси незадоволни – може да добијат 30 отсто помала плата следната сезона

Неуспехот на Челси да се квалификува во Лигата на шампиони следната сезона ќе го чини клубот милиони фунти, а во исто време ќе го зголеми и бунтот на играчите во тимот, со проценки дека дел од нив ќе добиваат и до 30 отсо помала плата, тврди „Дејли мејл“.

По вториот 2:0 пораз од Реал Мадрид, отпадна и единствената можност за влез во ЛШ како актуелен шампион, и ова ќе има драматични последици на системот на исплата во тимот. По преземањето на тимот од Роман Абрамович, американскиот газда Тод Бели воспостави систем на исплата поврзан со бонуси, што значи дека нивната плата ќе биде променлива во однос на успехот. Ова е голема промена од системот на Абрамович, каде што платата беше гарантирана, и бонуси се добиваа само за освојување трофеи.

Според „Дејли мејл“, најпогодени од оваа шема ќе бидат најновите засилувања, кои потпишаа свежи договори со вакви клаузули. Тие кои имаат подолги договори од ерата на Абрамович ќе продолжат да ја добиваат целосната плата. Челси има 12 нови засилувања во ерата на Тод Бели, а седум од „старите“ фудбалери потпишаа нови договори.

Scroll to Top