Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго открива дека тој и неговите соиграчи се потсмевале со ѕвездат на Ливерпул, Мохамед Салах, откаке Египќанецот изјавуваше дека е подготвен за одмазда против „кралевите“ пред финалето на Лигата на шампиони во Париз, кој Реал го добисо 1:0.
Салах пред мечот коментираше дека сака одмазда за 2018 година, кога во финалето на ЛШ во Киев, тој беше повреден во дуел со Серхио Рамос, а Реал победија со 3:1. Родриго открива дека и во Реал изјавите на Салах придонеле за дополнителна мотивација, додавајќи дека Лука Модриќ отворено го „тролал“ Египќанецот во тунелот по крајот на мечот, велејќи му да се „обиде повторно“.
„Кога некој те провоцира, понекогаш сакаш да го победиш за потоа да му се смееш. На тренинг велевме: ‘Ајде, Салах, ајде, Салах’. Во нашите глави веќе знаевме дека мораме да победиме за да му се смееме на Салах. По крајот, поминавме покрај играчите на Ливерпул и Салах беше тажен, а Модриќ му кажа: ‘обиди се повторно’“, открива Родриго.