Top Sport

Е. Пелистер не прифати одложување на дербито со Вардар 1961

Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, го одби барањето Вардар 1961 за одложување на меѓусебниот дуел. Дербито, според календарот треба да се одигра в недела од 18 часот во Битола.

Вардар 1961, вчера ја извести јавноста дека 15-тина играчи и членови на срручниот штаб се болни о дека не се во можност ниту да тренираат, ниту да играат натпревар.

Еурофарм Пелистер, синоќа играше во Загреб, каде од домаќнот го доживеа петтиот пораз сезонава во Лигата на шампионите (27:18), а денеска го одбија барањето од Вардар 1961.

Почитувани
Со особена загриженост ја примивме веста за вироза во таборот на нашиот следен противник во групата Б на Суперлигата, Вардар 1961 од Скопје.

Изразуваме желби и надеж за што поскоро оздравување и вистинска спортска борба на најдобрите тимови на Еурофарм Пелистер и Вардар 1861 в недела попладне во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Според членот 13, став 5 од пропозициите за натпревари во Суперлигата, постојат услови за одигрување на натпреварот Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 и ние, како и секогаш, максимално ќе се придржуваме кон пропозициите.

Веруваме дека противникот ќе се екипира во потребниот рок, ќе пристигне во Битола и ќе го пречекаме и угостиме како и секогаш – коректно, спортски и во духот на фер-плејот.

Спортски поздрав,
РК Еурофарм Пелистер“

Фото/ rkeurofarmpelister.com

Scroll to Top