Top Sport

Шок на „Бернабеу“! Зијеч и Нерес донесеа 0:2 за Ајакс против Реал! (видео)

Уште ништо не е готово! Реал Мадрид не може да го прославува пласманот во четврт-финалето на Лигата на шампионите, откако Ајакс стигна до рано водство на „Сантијаго Бернабеу“!

Зијеч беше прецизен во седмата минута, откако доби одлична топка од Душан Тадиќ за шок за домашните навивачи. Во 18-тата минута, молк и неверица кај навивачите на „Лос бланкос“, Давид Нерес носи 0:2 водство и ги става Реал пред елиминација.

Реал имаше 2:1 предност од првиот меч на гости во Амстердам, и со ваков резултат не оди понатаму, и мора да постигне гол за да се оди на продолженија!

Scroll to Top