Top Sport

Тони Надал: Само богатите деца ќе можат да играат тенис

Тони Надал по речиси 30-годишна соработка со својот внук Рафаел Надал се пензионираше во 2017 година и стана директор на академијата на Шпанецот на нивниот домашен остров Мајорка и имаше шанса да работи со млади тенисери како Каспер Руд и Хауме Мунар.

Токму затоа неговото предупредување дека само богатите деца ќе можат да го направат трансферот од јуниорски во професионален тенис, откако Интернационалната тениска федерација (ИТФ) направи реформа на професионалната структура на спортот и го намали бројот на професионалци.

Надал Сениор смета дека со ова се фаворизираат богатите млади тенисери и нивните семејства кои имаат пари да ги „носат“ на турнирите низ светот за да бркаат пласман на АТП листата.

„ИТФ наместо да го промовира спортот и да го направи достапен за сите, со новите правила ги обесхрабрува младите тенисери. Кој може да игра со овие нови правила? Само богатите млади луѓе. Што се случува со тие кои немаат пари, кои решаваат да студираат и да бидат професионалци во иднина? Не можат со новите правила. Тенисот мора да биде демократски спорт во кој секој може да биде професионалец ако го заслужува тоа“, објаснува Надал.

Scroll to Top