Top Sport

Ебуе не се самоубил, игра фудбал во Африка!

Шпекулациите на социјалните мрежи велеа дека поранешниот дефанзивец на Арсенал, Емануел Ебуе починал очигледно не се вистинити, откако се појавија фотографии од него на фудбаски турнир во Брегот на Слоновата Коска.

Поранешниот играч на Арсенал, Сандерленд и Галатасарај беше на насловните страници неодамна кога се откри дека живее во „сиромаштија“ во Лондон поради борбата со неговата поранешна сопруга и кога призна дека е во депресија и дека има проблем со менталната состојба. Сепак, некој ова го искористи за да се појават шпекулации дека тој се самоубил во текот на викендот.

Сепак, дел од африканските медиуми веднаш го демантираа тоа, објавувајќи фотографија од него на фудбалски турнир во татковината, Брегот на Слоновата Коска. По објавувањето на приказната за неговиот живот, од Арсенал и од Галатасарај дојдоа понуди за помош за Ебуе. Сепак, некој има морбидна смисла за хумор.

Ебуе остана без пари, се крие од доверителите

Scroll to Top