Top Sport

Мареј се оперираше во Мелбурн, се враќа пред Вимблдон?

Енди Мареј се надева дека ќе може да се врати за време на сезоната на трева во јуни, откако го оперираше колкот во Мелбурн. Трикратниот гренд слем шампион се повлече од Австралија опен за да го „реши“ проблемот со десниот колк, откако немаше играно од Вимблдон.

Кариерата на 30-годишниот Шкотланѓанец беше под закана поради проблемите, но тој вели дека операцијата била успешна и дека веќе во март може да се врати на тренинзи.

„Не сум завршил со тенисот и повторно ќе се натпреварувам на највисоко ниво. Оптимист сум за иднината, а хирургот беше задоволен од операцијата. Планот е да се вратам на тенисот пред сезоната на трева, но засега е тешо да ветувам нешто“, вели Мареј.

Тој, сепак, признава дека ќе биде многу тешко да се задржи напорниот распоред на натпреварувања како претходно.

„Сигурно нема да можам да имам ист број на турнири како претходно или да се обидувам да станам број 1. Ќе играм со намален интензитет и ќе се фокусирам на најголемите турнири“, додава Мареј.

Scroll to Top