Top Sport

ЕЦА против ФИФА: Имате деструктивни предлози

Планот на ФИФА, светските првенства да се одржуваат на секои две години, остро го осудија од Асоцијацијата на европските клубови (ЕЦА). Во оваа асоцијација членуваат 234 клубови.

„Фудбалските клубови се темел на системот, нивниот глас мора да се слуша. Во нив најмногу се вложува, во клубовите се формираат играчите, нив ги гледаат навивачите и локалните заедници. Нас никој ништо не не прашал. ФИФА работи на своја рака. Јасно е дека Мундијал на секои две години би направил големи проблеми“, стои во соопштението.

Претходно, на идејата на ФИФА остро се спротивставија УЕФА и јужноамериканската федерација КОНМЕБОЛ, додека идејата ја подржа Фудбалската федерација на Азија.

„ФИФА агресивно тргна во кампањата, без да се консултира до клубовите. Тоа е неприфатливо. Предлогот е деструктивен. ЕЦА е против ваквата идеја, бидејќи најзагрозени тука ќе бидат клубовите и клупските натпреварувања“, стои во соопштението на ЕЦА.

Scroll to Top