Фудбалскиот клуб Реал Мадрид се огласи во јавноста по објавите на шпанските медиуми дека нивниот играч Мартин Едегард бил позитивен на коронавирусот на тестот што му бил направен по натпреварот со Реал Сосиедад.
„Откако беа тестирани сите фудбалери и тренери, резултатите на тестовите на Ковид-19 се негативни“, објавија од Реал Мадрид.
Едегард, во неделата, започна во стартниот состав на Реал против клубот во кој играше минатата сезона. Тој во понеделникот имал „лажен позитивен тест“, што предизвика мала паника во клубот.
Норвежанецот бил тестиран уште еднаш, вториот тест му бил негативен што значи дека нема да мора да оди во 14 дневна изолација.