Top Sport

Еден Азар 5 минути пред меч играл „Марио Карт“

Еден Азар го има истиот природен талент како Лионел Меси, но му недостасува амбиција да биде најдобриот на светот, вели поранешниот дефанзивец на Челси, Луис Филипе, кој открива дека Белгиецот играл „Марио Карт“ 5 минути пред секој натпревар.

Според Луис, 30-годишниот Азар, кој поминува пекол со повреди и недостаток на форма во Реал Мадрид, мора да има поголема страст за фудбалот ако сака да биде дел од светската елита.

„Еден, заедно со Нејмар, се најдобрите фудбалери со кого сум играл, заедно со Меси. Но, тој не тренираше добро. Пет минути пред натпревар игра ‘Марио Карт’ во соблекувалната. Се загрева без да ги врзе врвците на копачките. И така, никој не можеше да му ја земе топката, ќе издриблаше три-четири фудбалери и сам ќе донесеше победа. Има толку голем талент, но му недостасува амбиција да биде најдобар на светот. А може да биде тоа“, вели Луис.

Yashahime: Princess Half-Demon (Dub) Episode 13 at website https://crunchyrollfree.com. See more crunchyroll trial

Watch Our Last Crusade or the Rise of a New World (Dub) Episode 4 (https://animeplanet.cc/m/75nB/ep-4) at website https://animeplanet.cc fruit basket anime planet

Scroll to Top