Top Sport

„Еден Азар е фудбалски Мајкл Џордан“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Роберто Мартинез го спореди играчот на Реал Мадрид, Еден Азар со легендарниот кошаркар, Мајкл Џордан. Мартинез смета дека Белгиецот секоја година е занемарен кога се работи за изборот за Златна топка. Тој истакнува дека неговиот стил на игра може да се спореди со стилот на „Ер Џордан“.

„Верувам дека Азар ќе ја освои Златната топка. Се што направи во кариерата е на тоа ниво, така да секогаш е кандидат за таа награда. Тој е играч кој на крај ќе асистира во стилот на Мајкл Џордан. Азар е фудбалски Мајкл Џордан“ – рече Мартинез.

Сепак, оваа сезона на белгискиот фудбалер баш и не му оди во новата средина, во Реал каде премина од редовите на лондонски Челси. Најмногу поради повреди.

Во моментот се опоравува од повреда на глуждот на ногата, па најверојатно нема да биде подготвен за неговото прво „Ел Класико“.

Досега, на 13 меча, има постигнато само 1 гол, со 4 асистенции.

Scroll to Top