Top Sport

„Имаме шанса за титула“ рече Луиз и Арсенал оттогаш не знае за победа!

„Мојата визија, амбиција и волја е секогаш да се борам за титулата. Постои доволна шанса да се бориме за титулата“ рече стоперот на Арсенал, Бразилецот Давид Луиз на 19 октомври годинава, а „топчиите“ оттогаш до сега не знаат за победа.

Од тогаш, клубот во низа има 9 меча без победа во сите натпреварувања што е најдолга низа уште уште од 1977 година. Од тие 9 меча, дури 7 меча се без победа во ПЛ, од кои 3 порази.

Најновиот неуспех, „топчиите“ предводени од привремениот тренер Фреди Љунберг го доживеаја синоќа на свој терен од Брајтон кој сезонава има повеќе победи од „топчиите“.

„На полувреме рековме дека ова не е Арсенал, дека мора да се обидеме подобро. Беше тешко, не работевме напорно, не сакавме да играме. Не можеш така да влезеш во меч. Во вториот дел бевме подобри, но имавме проблеми со нивните контри, немавме самодоверба. На тоа треба најмногу да се работи“ – рече Љунберг кој седна на кормилото на Арсенал откако Унаи Емери доби отказ.

Scroll to Top