Top Sport

Еден Азар се збогувал со соиграчите со Ватсап порака

Еден Азар се збогувал со своите поранешни соиграчи од Челси со порака во групниот чет на Ватсап, открива Емерсон. Бразилскиот бек за „ЕСПН“ открива дека неговата порака уште е последната во групниот чет.

„Во таа Ватсап група, последниот момент беше збогувањето на Азар. Им кажа збогум на момците и тоа е последното нешто што го знаеме. Чудно. Тој прати порака: ’Ви благодарам, ве сакам момци’ и потоа само пишуваше: ’Еден Азар ја напушти групата’. Тогаш сфатив дека навистина заминал“, вели Емерсон.

Азар се приклучи на Лука Јовиќ, Родриго, Едер Милисао и Ферлан Менди како ново засилување на Реал Мадрид, изјавувајќи дека го остварува сонот од детството.

Scroll to Top