Top Sport

Погба ќе добие бонус од 3.78 милиони фунти за „лојалност“ кон Јунајтед!

Иако самиот изјави дека сака „нов предизвик“ и многумина предвидуваат дека ќе замине во Реал Мадрид или Јувентус, Пол Погба ќе добие фантастичен бонус од 3.78 милиони фунти од Манчестер јунајтед поради неговата „лојалност кон клубот“.

Погба ќе го добие бонусот на 1 јули, само две недели откако призна дека сака да замине од „Олд Трафорд“ во Јапонија. Оваа сума е поголема од 3.46 милиони фунти кои ги доби минатата година за лојалност под условите на неговиот петгодишен договор со англискиот клуб.

Агентот на Погба, Мино Рајола, кој инаку доби 41 милиони фунти од рекордниот транфер од 89 милиони фунти од Јувентус во Јунајтед во 2016, веќе преговара со Реал Мадрид и со Јувентус за трансфер, и цената би била околу 150 милиони фунти.

Јунајтед одбиваат да го продадат 26-годишниот Французин и очекуваат тој да биде во составот следната сезона, бидејќи има договор до 2021 година и клубот има опција да го продолжи договорот за дополнителни 12 месеци.

Scroll to Top