Top Sport

Еден дебитант на списокот на Милевски за натпреварите со Украина и со Англија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го обајави спискот на играчи за квалификациските натпревар против Украина и Англија.

Овие квалификациски натпревари ќе ги пропушти Бојан Миовски. Напаѓачот на Абердин се повреди пред десет дена. На спискот на селекторот има 29 играчи, дебитант е Сефер Емини.

„Морам да почнам со лошите вести. Им посакувам брзо опоравување на Бојан Миовски и на Дарко Чурлинов. Миовски се здоби со повреда, а Чурлинов е хоспитализиран во Белград и се надевам дека брзо ќе се подобри неговата здравствена состојба. Имаме еден дебитант, Сефер Емини, кој со своите игри во клубот, заслужи повик во националниот тим”, изјави селекторот Благоја Милевски.

Македонија ќе ја пречека Украина на 16 јуни, а три дена подоцна на „Олд Трафорд“ во Манчестер ќе и гостува на Англија.

Scroll to Top