Top Sport

Еден и единствен, Педро Родригез

Поранешниот играч на Барселона, Педро Родригез, синоќа во Баку, го запиша своето име во историјата на фудбалот.

Челси ја освои Лига Европа со победата над Арсенал 4:1. Педро го постигна вториот гол за својот тим и стана петтиот играч во историјата што постигнал гол во финалињата во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Но Педро е единствениот играч во историјата што ги освоил сите значајни титули во клупскиот фудбал.

Крилниот напаѓач има трофеи во Лигата на шампионите, Лига Европа, Суепркупот на Европа и Светското клупско првенство. Во кариерата тој ја освојувал Ла Лига и Премиер лигата, како и Копа дел Реј во Шпанија, односно ФА купот во Англија.

Во клупската кариера со Барселона и Челси Педро има освоено вкупно 23 трофеи, а со репрезентацијата на Шпанија бил светски и европски првак.

 

Scroll to Top