Кристијано Роналдо доби еден натпревар суспензија, поради црвениот картон што го доби во Валенсија, во рамките на Лигата на шампионите. Португалецот на своето деби за Јувентус, во Лигата на шампионите, доби директен црвен картон.
Најголем дел од јавноста веднаш се огласи со коментари дека судијата Феликс Брих непотребно го исклучил Роналдо, односно дека одлуката била престрога.
УЕФА денес објави дека напаѓачот на Јувентус нема да може да настапи на еден натпревар во Лигата на шампионите. Португалецот ќе го пропушти натпреварот наредната среда, кога Јувентус ќе го пречека Јанг Бојс, но ќе може да игра против својот поранешен клуб Манчестер јунајтед во третото коло.