Дисциплинската комисија на УЕФА му одреди еден натпревар суспензија на тренерот, на Динамо Загреб, Ненад Бјелица. Динамо без својот тренер ќе и се спротивстави на Бенфика (7 март), во првиот осмина-финален натпревар во Лига Европа.
Бјелица доби црвен картон, во финишот од првото полувреме, на натпреварот против Викторија Плзен одигран во Загреб.
Тренерот на Динамо барал аут за својот тим, а потоа без потреба го повлекол противничкиот играч во моментот кога тој ја уфрлал топката во игра.
Динамо овој натпревар го доби со 3:0.
Покрај тренерот Бјелица, Динамо против Бенфика ќе ја нема помошта ниту на капитенот Аријан Адеми. Македонскиот репрезентативец има повреда на стомачниот ѕид поради која ќе отсуствува три недели.
Адеми ја пропушта Бенфика, неизвесен и за стартот на квалификациите