Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Скот Мектомини нема да може да им помогне на соиграчите во наредните 30 дена. Шкотот се повреди на 26 декември на мечот со Њукасл (4:1). Поради повредата тој не играше во саботата кај Барнли.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, порачал дека Мектомини ќе отсуствува три до четири недели. Шкотскиот репрезентативец ги повредил лигаментите во коленото.
Поради неиграњето на Мектомини, во средениот ред против Барнили играа Матиќ, Фред и Андреас Переира.
Переира забележа асистенција, а Матиќ и Фред добија пофалби од менаџерот Солскјер.